Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли кривична одговорност за трите деца кои изгореа во Велес?

Ќе има ли кривична одговорност за трите деца кои изгореа во Велес?

Основното јавно обвинителство Велес и екипа на СВР Велес денеска продолжија со истрагата на терен во остатоците од изгорената куќа кај велешкиот рид Вршник, каде што вчера изгореа три малолетни деца. 

Гордана Тодорова в.д. јавен обвинител од ОЈО Велес за МИА изјави дека јавен обвинител утрово заминал на увид на терен. Првиот увид по настанот, како што рече, завршил доцна синоќа.

„Ќе се врши подолго вештачење за да се утврдат причините за настанување на пожарот во кој животот го загубија три малолетни деца. Мислам дека денеска не ќе можеме да кажеме кои се причините за пожарот бидејќи очекувам вештачењето да трае подолго. Инаку денеска по наредба на ОЈО ќе биде извршена обдукција на телата на децата и нивна идентификација, бидејќи истите по пожарот се најдени јагленосани“- појасни Тодорова. 

Родителите на починатите деца, денеска се на распит во велешката полиција.

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. Од непознати причини избил пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

ОЈО Велес превзема дејствија за расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност. 

Слично

Поврзани вести