Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли конечно попис во 2018 година и каков?

Ќе има ли конечно попис во 2018 година и каков?

Пописот на населението и натаму е болна тема во Македонија со која новата влада ќе мора да започне да се занимава бидејќи последната обемна статистичка операција беше спроведена во далечната 2002 година, за десет години подоцна власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го прекине започнатиот попис од политички причини. 

Прв чекор кој новата влада го презеде со усвојување на Информацијата за статусот на спроведување на проектот „Регистар на население“. Од соодветната реализација на проектот се очекува иднина дури и да го замени пописот, каков што е случајот со неколку европски земји, соопштуваат од Владата на РМ.

- Владата го задолжи Министерство за информатичко општество и администрација да спроведе активности за изработка на решение за Централен електронски регистар на население до јули 2018 година кој ќе ги содржи следните полиња за населението во Република Македонија: Име, Презиме, Јазик, ЕМБГ, Пол, Датум на раѓање, Место на раѓање (Држава, Општина, Населено место), Лични документи (листа на документи со податоци за Број, Вид, Датум на издавање, Датум на важност, Статус, Место на издавање), Мајка (ЕМБГ), Татко (ЕМБГ), Адреса на живеалиште (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Адреса на привремен престој (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Државјанство (Држава, Статус, Датум на почеток, Датум на престанок), Брачен статус, Датум на брачен статус, Сопруг/а (ЕМБГ), Националност, Смрт, Датум на смрт, Место на смрт (Држава, Општина, Населено место).

Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда - Управа за водење на матичните книги, Државниот завод за статистика, Министерството за труд и социјална политика, и им укажа на Дирекцијата за заштита на личните податоци и на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, најдоцна во рок од 7 дена од денот на усвојување на информацијата да номинираат член и заменик член во работна група за изготвување на нацрт-закон за Закон за централен електронски регистар на население и нацрт-закон за Закон за електронски услуги, соопштија од Владата на РМ.

МВР и МИОА имаат рок до 5 октомври годинава да го услогласат акцискиот план со кој ќе се спроведе проектот.


Слично

Поврзани вести