Ќе има ли избори во дијаспората: Слаб интерес, а има уште седум дена
Дали ќе има избори во дијаспората? За да се организира гласањето треба да се пријават 6.700 гласачи, а во местата за гласање да има пријавено над 10 избирачи.
Рокот за пријава е до 11 март на полноќ, но досега се пријавиле само 2.294 избирачи.Досега Државната изборна комисија (ДИК) прифатила 2063. Одбиени се четири пријави, а во обработка се 42 пријави.
Ако се организира, гласањето ќе биде на 11 април, но за пријавувањето има само уште неколку дена.
Најмногу прифатени пријави има од наши државјани од Германија или 394. Следуваат Италија со 274 пријави, па Австралија со 211. Инаку 194 се од САД, а 176 се од Швајцарија.
А.Т.
Слично
