Ќе има ли и втора смена во детските градинки?
Владата денеска го задолжила Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста за воведување втора смена во детските градинки и да побара мислење од сите засегнати страни за потребата од двосменско работење на градинките.
„На дневен ред на седницата беше дискутирана и Информацијата за текот и прогресот за отварање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика на секои шест месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите и тоа за: формирани Центри за ран детски развој, број на деца кои ќе се опфатат во Центрите за ран детски развој и број на воспитувачи кои ќе бидат вработени во Центрите за ран детски развој, доколку избраните општини имаат доволно средства во сопствениот буџет за покривање на трошоците за функционирањето на центрите за ран детски развој“- се наведува во соопштението од Владата.
Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за прогрес на проектот „Отворање народни кујни“ за периодот јануари-јуни 2017, со која се задолжуваат неколку општини од земјава да обезбедат услови, простории за делење храна и транспорт за дистрибуција на храна, во рамките на овој проект. Тие треба и да го известат Министерството до однапред утврден временски рок.
