Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли и втор бегалски бран?

Ќе има ли и втор бегалски бран?

Бегалската криза не е завршена и се очекува втор бран.

Напролет се очекува нов бран бегалци  кои ќе се упатат кон Европа. 

Бегалската криза не е завршена и се очекува нов бран на бегалци и мигранти, кажаа учесниците на денешната меѓународна конференција која се одржа во Министерството за надворешни работи. 

Претседателката на Европското движење во Македонија, професорката Милева Ѓуровска вели дека е видлива потребата од преговори, соработка и размена на искуствата во ЕУ.

„Договорот меѓу ЕУ и Турција склучен во март 2016 година го намали приливот на бегалци, меѓутоа аналитичарите сметаат дека не е можно да се затвори една врата во поглед на движењето на мигрантите, а сепак да не се отвори некоја друга врата и тоа се случи. Иако со помал интензитет, бегалците илегално ги минуваат границите преку непристапен терен, изложувајќи се уште повеќе на опасности и ризици“ -  вели Ѓуровска.

Од Европското движење на Италија сметаат дека голем проблем претставува регистрацијата на бегалците, односно утврдувањето дали тие се бегалци или мигранти.

Во Турција има 3 милиони бегалци и предизвик за земјата во наредниот период е како на тие луѓе да им се обезбеди засолниште, работна дозвола, државјанство, но пред сѐ образование, објаснува универзитетскиот професор од Турција, Дениз Шенол Серт.


Слично

Поврзани вести