Ќе има ли храброст АВМУ да ги детектира ФЕЈК вестите
Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги го објави својот втор десетдневен извештај како дел од мониторингот за медиумското известување пред изборите и иако детектира дека се известува за паранастани нема доволно храброст да го искористи терминот ФЕЈК вести кој веќе стана сериозен тренд на политичката сцена.

Со раширување на тотални невистини или манипулирање на одредени прашања опозицијата наметна теми кои се надвор од реалноста, но на пример со заканите дека ќе се доселеле стотици илјади мигранти ја води својата остра пропаганда, а дел од медиумите тоа го пренесуваат без никаква доза на критичност.
- Со мониторингот е забележано дека во централните дневно-информативни емисии, во повеќе наврати, а некаде и секојдневно, емитувани се прилози што се квалификуваат како „псевдонастани или псевдовести“. Овие псевдонастани ги креираат политичките партии, преку критика/критизирање на политичкиот опонент или како политички ветувања. Дел од радиодифузерите држат дистанца, дел вложуваат напори да обезбедат врамнотеженост на различните ставови, додека само кај две телевизиии обемот на вакви прилози за една политичка опција, укажува на непочитување на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, велат од АВМУ.
Проблемот секако е многу поголем кај порталите, но таму не постои официјален надзор па во прашање е само новинарската етика и секако обидот медиумот да остане доследен на своите професионални стандарди како што тоа го прави Фактор.
Вториот десетдневен извештај од мониторингот на медиумското известување е достапен на следниот линк
