Ќе има ли хет-трик на Апелација за бомбите на СЈО?
Специјалното јавно обвинителство и во случајот „Тендери“ каде ја сомничи екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска бара од Апелациониот суд да ги прифати прислушуваните разговори како докази во постапката, додека пак одбраната тврди дека станува збор за незаконски докази кои не може да се прифатат во суд без оглед на нивната содржина. Апелациониот суд веќе донесе две одлуки со кои ги прифати „бомбите“ за случаите „Шамари во општина Центар“ и „Триста“ со што веќе е воспоставен еден вид на преседан.
СЈО тврди пак, дека од содржината на прислушуваните разговори кои се приложени како доказ во предметот „Тендери“ против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска директно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар.
Одбраната на Канческа бара решението на Кривичен суд да биде потврдено и бомбите да не бидат докази.
Одлуката дали бомбите ќе бидат докази во случајот „Тендери“, ќе биде донесена во законскиот рок.
