Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли економски придобивки од Договорот од Преспа?

Ќе има ли економски придобивки од Договорот од Преспа?

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на денешниот брифинг со новинарите,  рече дека Договорот од Преспа е корисен и за двете земји и со помош на европските програми ќе донесе и економски придобивки. 

Вели дека тој е национално корисен за нас и заемно корисен и за двете земји. 

„Во областа на моите надлежности, економската дипломатија, веќе разговараме како би можеле да имаме програми за поддршка на инфраструктурите и на границите. Регионот на Преспа е навистина преубав, го немав посетено во минатото. Размислуваме итно да искористиме капитали од програмата Интерег за да можеме да имаме еден опиплив резултат, дека решението има резултат во пракса и на економско ниво“- рече Катругалос.

Додаде дека во иднина двете земји ќе треба да ги разгледаат прашањата што се однесуваат на економските страни на Договорот, како што е случајот со производите. Катругалос, кој е надлежен за економска дипломатија и европски прашања, изрази надеж дека со текот на времето ќе бидат видливи и економските придобивки за двете земји.

Слично

Поврзани вести