Ќе има ли дуел Силјановска - Пендаровски?
Шефот на Републичкиот изборен штаб за претстојните претседателски избори од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за 1ТВ изјави дека партијата и кандидатката Гордана Силјановска Давкова, се комплетно подготвени за договорените дуели со противкандидатите од СДСМ, Стево Пендаровски и од Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река.
„Од она што го имаме како информации договорени се 3-4 дуели за кои сме подготвени и отворени, во исчекување сме“, вели тој.
Јанушев изјави дека се надева дека граѓаните ќе имаат прилика да ги увидат разликите помеѓу кандидатите. Според него, Силјановска е во предност светлосни години пред своите противкандидати.
Слично
