Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли дожд вечерва и утре?

Ќе има ли дожд вечерва и утре?

Променливо облачно ќе биде времето вечерва со повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во западните делови. 

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во ноќните часови ќе има делумно намалување на облачноста и на брзината на ветерот.

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде од 2 до 12, а максималната од 14 до 23 степени. 

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

Слично

Поврзани вести