Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА: Арсовска е нов претседател на партијата Нова Алтернатива

ЌЕ ИМА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА: Арсовска е нов претседател на партијата Нова Алтернатива

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата, Нова Алтернатива, потврдуваат од партијата. Оттаму најавуваат дека утре во 18 часот ќе има конвенција за промоција на Арсовска.

Неодамна, Арсовска најави дека ќе формира своја политичка партија, со цел да учествува на престојните избори. 

„Сме во една постапка да покажеме на граѓаните дека може различно од она кое што 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку“, кажа Арсовска во дебатна емисија.

Таа кажа дека има поддршка од граѓаните. Арсовска стана градоначалничка на Град Скопје со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Taa потоа влезе во конфликт со ВМРО-ДПМНЕ и со лидерот Христијан Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести