Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има јавна дебата за Законот за дивоградби

Ќе има јавна дебата за Законот за дивоградби

Владата ќе продолжи јавна дебата за Законот за легализација на бесправно изградените градби. 

На 71-та седница Владата ја отвори дебатата за утврдување насоки за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби кој е вратен во Собранието по одлуката на Претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

„Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на Парламентот и државата за да се дојде до најдобро законско решение“, информираат од Владата. 

Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните. Пендаровски кажа дека ако пратениците по втпр пат го изгласаат законот, тој ќе мора да го потпише. 

Слично

Поврзани вести