Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има или не? Игра на нерви за екстерното тестирање!

Ќе има или не? Игра на нерви за екстерното тестирање!

Околу 140 000 основци и средношколци чекаат на последниот збор на Министерството за образование и наука и новата министерка Рената Дескоска конечно да пресечат дали ќе има или не екстерно тестирање. Најкритикуваната реформа на претходната Влада денеска треба да биде предмет на комисиска расправа во Собранието, а потоа ќе чека  да се направат измени во Законите за основно и средно образование како и Законот за наставници. 

Во меѓувреме дел од училиштата вчера на родителски состаноци ги информирале родителите и учениците дека екстерно тестирање сепак ќе има. Предметите по кои ќе треба да се полага екстерен тест велат дека ќе бидат објавени во петок, а полагањето е закажано за следната недела. Наставниците тврдат дека постапуваат според насоките од ресорното министерство, но и тие се во забуна дали и како оваа година ќе се изведе тестирањето. Дополнително, велат дел од нив за Фактор, кај учениците станува се потешко да се врати концентрацијата и потребата да седнат во клупа и евентуално да го решаваат тестот ако има тестирање, особено по вчерашната најава на веќе актуелната министерка дека екстерно нема да има. 

“Јас навистина незнам како да постапам. Она што ни е кажано од Министерсвото за образование е дека ќе мора да се спроведе екстерното тестирање. Датумите за тест се веќе познати и ние им кажавме на учениците дека во понеделник и четврток следната недела ќе има тестирање. Предметите како што ни посочија надлежните ќе се знаат три дена пред испитот, односно веќе во петок околу 11 часот ќе бидат објавени на огласна табла на училиштето. Јас така им пренесов на моите ученици и на родителите. Повеќе навистина незнам”- вели наставничка од основно училиште во Гази Баба. 

Дополнително и извори од Државниот испитен центар   велат дека  во училиштата веќе  се     објавени  распоредите со име и презиме на ученикот, датум и час на полагање на екстерното тестирање, а распоредите   дополнети со предметот кој ќе го полагаат учениците ќе бидат објавени три дена пред тестирањето. Оттаму  велат дека Центарот  според закон веќе денеска  треба да ги објави предметите, а училиштата  имаат  обврска да ги објават. Во тој случај  учениците кои треба да полагаат в понеделник утре  ќе знаат по кој предмет ќе бидат тестирани. 

Ако екстерното сепак оваа година преживее секој  ученик ќе  треба да биде тестиран по 2 предмета, од 5-ти до 9-ти јуни.   Станува збор за околу 140 илјади ученици кои треба да бидат опфатени со тестирањето и тоа  од шесто одделение до трета година средно.

Од ВМРО- ДПМНЕ  сметаат дека  екстерното тестирање е направено за проверка на  реалното знаење кое се применува во сите европски земји. Укинувањето според опозицијата  е само популистичко додворување на дел од родителите и учениците и нивна злоупотреба заради политички поени. 

Министерката Рената Десковска вчера потенцираше дека екстерно тестирање нема да има бидејќи е  одблокирана е работата на Собранието и е  направен договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование  на која денеска на дневен ред ќе биде екстерното тестирање. Се надева дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно ќе се работи и во сабота и недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти со  овластување на министерот, за измена на законите. На дневен ред во Собранието денеска ќе се најдат Предлог на одлуката за избор на претседатели, заменици и членови на комисиите, а следни точки се ставени предлог Законите за измена на Изборниот законик, како и предлог Законите за основно, средно образование и Законот за наставници. 

С.Б.

Слично

Поврзани вести