Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има евтина струја - Анѓушев и Копач се договориле за примената

Ќе има евтина струја - Анѓушев и Копач се договориле за примената

Европската енергетска заедница го прифати предлогот на новата македонска влада за враќање на дневната евтина тарифа од неколку часа за сите граѓани иако ваквиот потег првично беше негативно оценет бидејќи е во спротивност со преземените обврски за реформи на енергетскиот сектор.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на средбата со претседателот на Европската енергетска заедница, Јанес Копач, ја расчистил дилемата во јавноста околу евтината тарифа за електрична енергија и постигнал договор како да се воведе, истовремени исполнувајќи ги сите стандарди кои што се барани од Европската унија.

„Евтината тарифа на струјата е мерка што беше во предизборната програма на владејачката партија и воедно дел од програмата на оваа влада. Беше кажано дека ќе се воведе евтина тарифа во текот на дневните часови. Вие знаете дека евтината тарифа денеска е само во недела и во текот на ноќните часови. Таа ќе биде воведена и во текот на дневните часови во период од 2 часа, како и во сабота за која ќе важи истото како за секој друг работен ден. Односно евтината тарифа ќе се врати на истиот начин како што граѓаните на Македонија ја знаеја во претходните години, наназад со децении“, најави Ангушев.

Слично

Поврзани вести