Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе им се одземе ли имунитетот на шестмината пратеници?

Ќе им се одземе ли имунитетот на шестмината пратеници?

Вчера Кривичен суд побара од Собранието да им се укине имунитетот на шестмината пратеници од редовите на опозицијата кои Обвинителството ги сомничи за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Барањето е поднесено за пратениците Крсо Муковски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчувловски и Љубен Арнаудов.

Комисијата на Собранието за мандатно-имунитетни прашања има обезбедено кворум и денеска се очекува да заседава.

Комисијата за имунитет со мнозинство гласови донесува заклучок, но конечна одлука се носи на пленеарна седница на Собранието кое треба во рок од три дена да го усвои или одбир предлогот за што е потребно просто мнозинство - 61 глас од 120 пратеници.

Како што соопштивме едк директорот на БЈБ Митко Чавков веќе е во притвор, а колку дена ќе му одреди судот ќе реши денес.

 Притвор е одреден и за оперскиот пејач Игор Дурловски кој беше еден од водачите на „За заедничка Македонија“ од каде се организираа повеќемесечни протести кои ескалираа на Крвавиот четврток. 

Слично

Поврзани вести