„ЌЕ ИГНОРИРАМ, НЕ ЗАСЛУЖУВА КОМЕНТАР“: Мицкоски за изјавата на Ахмети дека граѓаните ќе оделе кон Албанија и Бугарија
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој наведе дека ако не влеземе во Европската Унија, граѓаните ќе одат кон Албанија и Бугарија.
„Ако тоа не го каже Али Ахмети по што друго ќе биде впечатлив во текот на оваа кампања. Негова цел и на тие околу него е да привлече внимание од ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и вие ќе треба што помалку внимание да им посветувате на ваквиот тип на изјави. Не само што тоа нема да се случи, туку да не дозволиме овие политичари кои припаѓаат на минатиот век и на минатото да привлекуваат внимание. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ едноставно ќе ги игнорирам и не заслужуваат коментар овие изјави“, рече Мицкоски.
Ахмети вчера, на отворањето на изборниот штаб во Тетово испрати порака до премиерот, со закана дека ако Македонија не го продолжи патот кон ЕУ, граѓаните ќе се приклучат дел кон Албанија, дел кон Бугарија.
