Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе го затвори ли „Трезорот“ Мијалков?

Ќе го затвори ли „Трезорот“ Мијалков?

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 прифати уште еден обвинител акт покренат од СЈО против Сашо Мијалков, екс началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање. 

Овој пат, на Мијалков ќе му се суди за предметот кој СЈО го нарече „Трезор“, а се однесува на основано сомнение за злоупотреба на овластената положба и за проневера на вкупно 862.045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. 

За злоупотребата се товарат уште тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење. Обвинети се и Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Сајковиќ.

Истрагата во “Трезор“ се однесува на нелегална набавка на опрема за која осомничените ја ангажирале оф шор фирмата “Финзи“ како посредник за да и овозможат профит со кој потоа се инвестира во отварање на друга фирма блиска до осомничените. “Финзи“ стана позната во јавноста откако нејзиниот управител Коста Крпач, сведок во СЈО, се самоуби. 

Слично

Поврзани вести