Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ГО УМРЕТЕ НОЌНИОТ ЖИВОТ“! Пристигнаа првите реакции за новиот закон за пушење

„ЌЕ ГО УМРЕТЕ НОЌНИОТ ЖИВОТ“! Пристигнаа првите реакции за новиот закон за пушење

Новиот ригорозен закон за пушење, никого не остави рамнодушен. Додека едни негодуваат, други го поздравуваат.

Па така, Ѓорѓи Галетановски, поранешниот претседател на градската организација на СДСМ, смета дека со овој закон ќе биде уништен ноќниот живот во Скопје.

„Ќе го умрете скроз ноќниот живот и кафаните до цигарите дојде? Нема да го затвараме Усје што плаќаат инспектори да лажат завчера врне цел ден загадено беше цело Скопје цигарите сметале. Срамота тешка!“, пишува тој.

Од друга страна пак, докторот Александар Митов, дава силна поддршка и бара строга примена на истиот.

„Не знам детали за новиот закон против пушењето, но тоа што го читам во медиумите силно ме охрабрува!

Ние губиме илјадници животи и милиони евра годишно заради пушењето.

Животи кои се бесценети, а милиони евра кои може да се насочат за други приоритети во здравството.

Се надевам да видиме и ригорозна примена на таквиот закон.

Голем чекор напред кон подобро јавно здравје!“, пишува тој.


Со новиот закон за пушење, забраната ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи. Цигарите целосно ќе се тргнат и од видното поле на купувачите во маркетите. Скроен е новиот закон за заштита од пушење кој ќе биде ставен на јавна расправа.

„Забраната важи за сите угостителски објекти за исхрана, вклучувајќи, ресторани, барови, меани, кантини“, се дел од предложените измени на законот за пушење. 

Пушењето, според одредбите на законот, ќе биде забрането дури и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни, пишува во предлог законот.

foto freepik.com/nensuria


Слично

Поврзани вести