Ќе го стигне ли Иванов рокот до 1 април за да не се „извалка“ со Северна Македонија
Одбиените 11 закони кои претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, одби да ги потпише, најверојатно за да не пишува под објавениот указ во Службен весник дека е шеф на Сееврна Македонија, се вратени повторно во собраниска процедура и одново треба да бидат изгласани од 61 пратеник. Во тој случај Иванов мора да ги потпише овие закони.
Собранието од 1 април нема да заседава поради одржувањето на претседателските избори, а дали до тогаш ќе се најдат на дневен ред ќе се знае по службеното патување на претседателот на парламентот Талат Џафери кој оваа недела е во Романија и Литванија.
Според информациите од собраниската прес-служба, тој не потпишал и три реформски закони донесени со консензус на власта и опозицијата и изгласани со двотретинско мнозинство.
Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.
