Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе го расипа ли дождот празничниот викенд?

Ќе го расипа ли дождот празничниот викенд?

Граѓаните кои ќе сакаат да го искористат претстојниот празничен викенд и ќе прошетаат низ Македонија најмногу се интересираат за временските услови кои според првичните најави може да се влошат, особено во саботата кога не очекуваат врнежи и грмотевици.

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

В сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјава.

Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат во понеделник кон крајот на денот. Минималните температури ќе се движат од 9 до 17, а максималните дневни од 30 до 34 степени.


Слично

Поврзани вести