Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе го прекрши ли ВМРО-ДПМНЕ Манифестот за разговори во странство?

Ќе го прекрши ли ВМРО-ДПМНЕ Манифестот за разговори во странство?

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не е воодушевена од идејата да учествува на нови разговори со СДСМ во куќата на Жан Моне во Париз која симболично би се одржала за спуштање на тензиите меѓу двете партии.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институции и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби.

Да потсетиме дека токму ВМРО-ДПМНЕ издаде манифест по изборите во декември во кој прогласи дека никогаш повеќе нема да учествува на разговори во странство под покровителство на меѓународната заедница.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на „Пржино“ во или надвор од Р. Македонија е непотребно и неприфатливо. Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните имституции. За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството.

Секако, и да се согласат на таква средба присутен од ВМРО-ДПМНЕ нема да може да биде Груевски бидејќи одземен му е пасошот во судска постапка која ја води СЈО, туку некој од пониските раководни редови.

Слично

Поврзани вести