Ќе го потпише ли Џафери указот за Законот за јазици наместо Иванов?
Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, изјави дека нема намера да го потпише указот за Законот за употребата на јазиците наместо претседателот на државата. „Нема да се впуштам да ставам потпис под нечие друго име", рече Џафери на брифинг со новинарите
Тој кажа дека се анализираат сите можни решенија за излез од сегашната ситуација, без да оди во детали. Џафери кажа дека побарал средба со шефот на државата, но оттаму не добил одговор, најверојатно затоа што, според него, Иванов бил презафатен.
Џафери повтори дека нема рок во кој Иванов треба да го потпише законот, но тој има обврска и е должен да го потпише.
Слично
