Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ГО НАЈАВИ ЛИ АХМЕТИ ПОВЛЕКУВАЊЕТО? Заседава Централното претседателство на ДУИ

ЌЕ ГО НАЈАВИ ЛИ АХМЕТИ ПОВЛЕКУВАЊЕТО? Заседава Централното претседателство на ДУИ

Во Мала Речица ќе заседава централното претседателство на ДУИ денеска во 13:30 часот. Оваа седница доаѓа помеѓу двата изборни круга и во моменти кога изборниот резултат не е во корист на Националната алијанса за интеграција, коалицијата која ја предводи ДУИ. 

По централното претседателство, би требало да стане јасно и дали лидерот на партијата, Али Ахмети ќе се повлече од политика, како што пренесе медиумот „Фол“ - нешто што интегративците ниту го потврдија, ниту го демантираа.

Ова ќе биде прво појавување на Ахмети во јавност по завршувањето на првиот круг од локалните избори. Тој не се појави ниту ноќта, кога стигнаа официјалните резултати, ниту деновите кои следуваа потоа.

Слично

Поврзани вести