Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе гласаме во спортски сали, ходници или надвор

Ќе гласаме во спортски сали, ходници или надвор

Во спортски сали, во ходници на објектите каде што се гласа, па и надвор. Престојните избори кои ќе се одржат на 15 јули ќе значат и нов пристап во гласањето поради епидемијата на коронавирусот, а претседателот на ДИК, Оливер Деркоски вели дека можно е во некои места каде нема услови, граѓаните да гласаат и надвор. Во интервју за Алфа телевизија Деркоски вчера рече дека се уште немаат пртотокол за тоа како ќе изгледа изборниот ден, но веќе имало подготвки во организациска смисла за тоа во какви простории може да се гласа. 

Членови на општинските одбори на ДИК веќе биле во проверка на гласачките места, па Дерковски објасни дека ако на пример се гласа во некое училиште, наместо внатре може да се гласа во спортска сала, таму каде ја има. Можно е да се организира гласањето во ходници или холови. Во некои места, вели тој, поради големината на гласачките места ќе биде сосем невозможно да се испочитуваат мерките за одржување растојание и одржување на свеж возух и проветрување.

„Има 15 кандидатски листи и ако има по еден претставник од секоја листа или еве десет на пример, дополнително плус членови на одбори, дополнително и набљудувачи во еден момент во просторијата ќе бидат присутни од 15 до 20 луѓе во цел ден. Се гледа и на пристапноста до местата, тие да бидат на приземје. Тоа ќе биде веројатно најголемиот предизвик – да се озбезбедат такви избирачки места. Најголема тешкотија ни е тоа што имаме над 700 места со договор за закуп од приватни сопственици, вели Дерковски.

Додаде и дека поради тоа што изборите се во лето во места каде има помалку гласачи, гласањето може да биде и надвор. 

Слично

Поврзани вести