Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе гласа ли дијаспората на референдумот?

Ќе гласа ли дијаспората на референдумот?

Дијаспората ќе може да гласа на референдумот, но членовите на Државната изборна комисија не се согласуваат дали тоа треба да се спроведе во амбасадите или иселениците ќе гласаат во земјава. 

Членот на ДИК, Јанаќе Витановски, потенцира дека на референдумот на 30 септември ќе може да гласа и дијаспората во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП), како што е наведено во предложениот Правилник за организирање и спроведување на референдумот.

Елизабета Постоловска посочи дека чекаат податоци од МНР за бројот на вработени во дипломатско-конзуларните претставништва и дека ќе се обидат да ги намалат трошоците.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, рече дека никој не може да го ускрати правото на гласање на македонските граѓани во дијаспората. Нагласи дека таа лично е против начинот на кој се организира гласањето во дијаспората.

Членовите едногласно го усвоија Правилникот за работа на ДИК.

Референдумот ќе се одржи на 30 септември. 

Слично

Поврзани вести