Ќе ги врати ли Катица Јанева парите на граѓаните?
Основна работа ни е да ги бараме парите и најмногу се насочивме на финансиски истраги, но тој процес трае и нема да заврши во овие пет години мандат на СЈО, изјави синоќа на Канал 5, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Вели дека СЈО ќе успее да опстане и да се бори против највисоката корупција, и тоа не само кога станува збор за прислушуваните разговори, туку и сега доколку се случува од актуелната власт.
„Нашите предмети нема да завршат со овие пет години мандат. Тој процес трае. Повеќе се насочивме и најмногу работиме на финансиски истраги, да се вратат парите во буџетот, одземени на криминален начин“- вели Јанева.
Во обработка на СЈО се 606.550 прислушувани разговори, од кои досега се преслушани 545.900 разговори.
Десет проценти од разговорите, посочи, се на други јазици кои се дадени на преведување. Најчест странски јазик е англискиот, но има разговори и на руски и на грчки.
