Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе ги убеди ли Владата газдите недела да биде неработен ден за сите

Ќе ги убеди ли Владата газдите недела да биде неработен ден за сите

Недела да биде неработен ден за сите и да се воведе плаќање по час. 

Ова, според вицепремиеркта Мила Царовска, се новите предизвици на коишто Владата треба да работи идниот период. 

„За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите“, рече Царовска на трибината Агенда Социјална заштита 20-24.

„Тука, на оваа трибина денеска се отворија многу прашања, значи дека сме на половина пат од процесите што ги започнавме. Сите мерки што ги креиравме изминатите две и пол години во широка консултација со засегнатите страни дадоа одлични резултати. Меѓу нив се Оперативните планови, зголемувањето на минималната плата и субвенционирањето за раст на плати, воведувањето на гарантираниот минимален приход и другите додатоци, како обезбедувањето на 12.000 стечајни работници“, рече Царовска.

Затоа, преку соработка со засегнатите страни, таа најави продолжување со носење мерки и политики во интерес на граѓаните, нивна поголема вработливост и намалување на сиромаштијата.

Инаку, досега работниците како главни проблеми постојани ги истакнуваат работењето прекувремени саати, работење на празници, како и во недела. Главно со ова се соочуваат вработените во супермаркети, трговските центри, градежните, како и текстилните работници.

Слично

Поврзани вести