Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

Владата објави тендер за избор на фирма која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести, дали се позитивни, негативни или неутрални. 

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија распиша тендер за оваа услуга. Засега не е завршена постапката и не се знае која фирма ќе ги мониторира медиумите. 

„Веб пристапот до објавите 24 часа на ден треба да обезбедува можност за пребарување, обележување на клучни зборови во објавата, прикажување на оригиналниот извор со линк, можност за изработка на извештаи, можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација, онлајн квантитативна аналитика на објавите по одредени параметри“, пишува во техничката документација на тендерот.

Тендерот е објавен на 5 март, а отворен е до 4 април.

Слично

Поврзани вести