Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе ги донесе ли Заев Гугл и Фејсбук?

Ќе ги донесе ли Заев Гугл и Фејсбук?

Премиерот Зоран Заев, денеска на собраниска седница за пратенички прашања одговори дека инвестициите на Гугл и Фејсбук ќе зависат од членството на земјата во ЕУ и НАТО.

Тој верува дека таква ивестиција можно е да се рализира во Македонија. 

„Очекувам Македонија да има сигурна иднина со членството во НАТО и ЕУ, почнуваме со скринингот и разговори. Ова е извесна можност да се случи во Македонија, ќе продолжиме да разговараме и кога ќе имаме нешто конкретно ќе го соопштиме. Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ – изјави Заев. 

Рече дека на овие инвеститори им е понуден данок на добивка од 3 отсто.

Пратеникот Антонио Милошоски кажа дека Владата ширела лажна пропаганда кога ги најавила овие инвестиции.

Вели дека со овие најави сакале да оддадат впечаток дека нешто работат. 

Слично

Поврзани вести