Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ФРЧАТ ЛИ КАЗНИ ДО 13 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЦЕНТАРСКИТЕ КАФЕАНЏИИ - Герасимовски ги чека извештаите од мерењата, граѓаните се жалат

ЌЕ ФРЧАТ ЛИ КАЗНИ ДО 13 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЦЕНТАРСКИТЕ КАФЕАНЏИИ - Герасимовски ги чека извештаите од мерењата, граѓаните се жалат

По поплаките од жителите, продолжуваме со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на Општина Центар, напиша градоначајникот на Центар, Горан герасимовски.

„Вчера вечер, во придружба на општинските инспектори и овластена лабораторија за мерење бучава, бевме на терен каде беа извршени мерења на нивото на гласна музика. Овие денови ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Да потсетам дека казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра.

Повторно повикувам сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина“, најавува Герасимовски.
фото: Фејсбук Горан Герасимовски

Слично

Поврзани вести