Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе дознае ли Бутел дали дише загаден воздух?

Ќе дознае ли Бутел дали дише загаден воздух?

Општина Бутел денес ќе добие мерната станица за следење на квалитетот на воздухот. Новата мерна станица е дел од континуираната поддршка на Европската Унија во секторот за квалитет на воздухот, која се реализира во тесно партнерство со националните власти.

На промоцијата на овој настан, кој е дел од кампањата „ЕУ за тебе!“, се очекува да присуствуваат Амбасадорот Самуел Жбогар, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски. 

 ЕУ исто така обезбеди специјализирано возило за вршење редовно калибрирање и услуги за одржување, како и одреден број инструменти за да се подобри следењето на квалитетот на воздухот во земјата. Корисник на овој проект е Министерството за животна средина и физичко планирање во вкупна вредност од 272.000 евра. 


Слично

Поврзани вести