„ЌЕ ДОЈДЕШ ОРЦЕ И ТИ НА РЕД“: Арсовска рече следна на листата за објавување е Кисела Вода
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, му се обрати и на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со порака дека и тој и неговата општина ќе дојдат на ред за објавување.
„Ти може ќе бидеш кандидат за град Скопје, може не, може имаш криминал, може не ама јас истраги од финансова полиција немам.
Да имав било каква постапка до сега и СДСМ и вашата Мицковистичка ВМРО ќе ме однесеа во затвор за 5 минути, точно за толку време колку ви треба да искуцате наредба за апсење, многу сте јаки.
Е сега, бидејќи сум на Конгресот на Совет на Европа известувач и портпарол за справување со корупција, сакам да ти порачам да не брзаш преку ред, остави го Висар да се дозаплетка со криминалот и фалсификатите за дивоградбите, па ќе преминеме на Кисела Вода.
И џабе ти се Орце нарачките, на жена се заканувате со години, сила ми покажувате со години, јас сама против сите вас, а ништо освен ПР и сликање не сте направиле, скопјани поради вас немаат автобуси, немаат функционални претпријатија.
Ама затоа скопјани имаат од вас гратис многу други работи, само не брзај има време ќе дознаат! А до тогаш продолжи да напаѓаш, очекувано е тоа и наздравје нека ви е кафето и дружбата со Висар Вики Ганиу!“, напиша таа.
Слично
