Ќе добие ли друга локација комплексот клиники „Мајка Тереза“?
Крајот на оваа недела или почетокот на идната ќе го донесе одговорот на Владата на Република Македонија во однос на изградбата на клиничкиот ценатр „Мајка Тереза“.
Ќе се знае дали новите објекти ќе се градат во истата локација или ќе се дислоцираат, пишува Алсат-м.
Министерот за здравство, Венко Филипче ќе се сретне со премиерот околу ова прашање, а состанок ќе имаат и со архитектите кои пред една ги недела ги критикуваа домашните власти дека никој не го слуша.
Од Банката на Советот на Европа, која го финансира проектот, изјавија дека ако се смени локацијата кај сегашните клиники за која склучиле договор пред неколку години, Македонија ќе треба да плати казна.
Слично
