Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе добие ли Никола Груевски дополнителни 20 телохранители?

Ќе добие ли Никола Груевски дополнителни 20 телохранители?

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека во однос на барањето на екс премиерот, Никола Груевски за одобрување на повеќе телохранители 

добил барање за дополнителни 20 луѓе и тоа барање е процесуирано од Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Ние ќе добиеме стручни информации во однос на ова барање, па врз основа на тоа ќе го дадеме одговорот“ – вели Спасовски.

Груевски како причина за барањето навел дека неговото безмалку десетгодишно вршење на функцијата го правел во турбулентен временски период, како и на фактот дека е пратеник во Собранието, каде е претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Груевски навел дека телохранителите ги бара на неопределено време, сè додека има опасности по неговиот живот и личен интегритет. 

Поранешните функционери во МВР, директорите на УБК и БЈБ, Сашо Мијалков и Митко Чавков имаат полициско обезбедување. Спасовски денеска изјави дека двајцата имаат решение за полициско обезбедување од четири, односно шест полициски службеници во времетраење направено врз основа на проценките направени од Управата за безбедност и контраразузнавање.

Слично

Поврзани вести