Ќе биде уапсена позната личност од Македонија, тврди косовски новинар
Новинарот Милаим Зека од Косово вели дека позната фигура од Македонија ќе биде уапсена.
Тој во гостувањето на ТВ Канал10 изјави дека очекува нови апсења од страна на Специјалниот суд на Косово во Хаг.
„Ќе биде уапсена позната личност од Македонија, и многумина мои пријатели“, рече Зека.
Во септември, лани адвокатот Том Гаши објави документ за кој тврдеше дека е сведочење пред ЕУЛЕКС во Косово од поранешниот пратеник и новинар Милаим Зека во случајот Дреница. Според објавеното, Зека изјавил пред судиите на ЕУЛЕКС дека ОВК имале многу концентрациони логори низ Косово, но и во Албанија.
Слично
