Ќе биде распишан оглас за нов државен јавен обвинител
Собранието утре ќе го распише огласот на кој ќе може да се пријавуваат кандидати за нов државен јавен обвинител.
Oва место е испразнето со разрешувањето на поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски за кого имаше бројни критики дека не си ја вршел работата професионално.
Пред пратениците утре ќе се најдат и Законот за минимална плата и Законот за стечајните работници.
Од СДСМ ги упатија сите пратеници во Собранието да ги поддржат законски измени предложени за подобар живот на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека не гледаат сериозност во работата на мнозинството ниту, заштита на интересите на граѓаните, туку само на партиските интереси.
Слично
