ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ: Меџити ќе го потпише документот
По вчерашната
препорака на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска истакна
дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во
Скопје.
– Од службите сега ме известија дека сѐ е процесуирано и оттука ќе одам да го потпишам и ќе го пратиме до вакциналните пунктови веднаш да стапи во сила, рече Меџити на денешниот брифинг со новинарите.
Според него препораката на Комисијата за заразни болести да се забрани приемот и престојот на децата кои не се вакцинирани со ДиТеПер, треба да се сфати во позитивен контекст.
– Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот, рече министерот.
Инаку, бројките на заразени со пертусис се зголемуваат. Според податоците на Институтот за Јавно здравје, денеска имаме четри нови случаи на голема кашлица, што значи дека вкупниот број сега е 22.
