Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во Штип

ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во Штип

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево најостро го осуди инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.

„Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот.“, велат од ФФМ. 

Федерацијата најави дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.

„Поведена ќе биде дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран. Со насилство, од било кого и на кое било ниво, нема да има компромис“, наведе ФФМ.

Родител на фудбалер од „Шкупи“ ги нападнал малолетните фудбалери од „Брегалница“: Детали од МВР за инцидентот во Штип

ФК Брегалница го осуди нападот врз нивните фудбалери: Апелира до институциите случајот да биде професионално решен

ВИДЕО: ДВЕ ДЕЦА СЕ ВО БОЛНИЦА: Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шукпи

ФОТО: ФФМ

Слично

Поврзани вести