Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО ТЕШКО“: Скопските јавни претпријатија должат над 300 милиони евра

„ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО ТЕШКО“: Скопските јавни претпријатија должат над 300 милиони евра

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Во интервју за ТВ Сител тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе  биде пеколно тешко, но имам одличен тим и очекувам силна поддршка од Владата и со добра организација и домаќински ќе ја надминеме состојбата“. 

Најави дека сите јавни претпријатија ќе претрпат измени во менаџерскиот тим и наскоро ќе бидат соопштени кадровските решенија за Град Скопје, за ЈП, установи од културата и средните училишта. 

-Природно е и логично секој човек со себе да си донесе луѓе со кои сака да работи. Кадровските измени ќе бидат соoпштени во следните денови, рече Ѓорѓиевски. 



Слично

Поврзани вести