ЌЕ БИДЕ НА КОРМИЛОТО НА БАНКАТА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - Диомидис Николетопулос доби согласност за главен извршен директор на Стопанска банка Скопје
Диомидис Николетопулос ќе биде уште еден мандат на позицијата Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД - Скопје.
Банката за тоа ја извести јавноста преку ценовно чувствителчна информација на Берзата.
„Известуваме за следниве измени во органите на управување: Согласно Решение од 08 август 2024 година, Гувернерот на Народна Банка на Република Северна Македонија издаде согласност на повторното именување на г-дин Диомидис Николетопулос на позицијата Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД - Скопје“, се вели во објавата од Стопанска банка Скопје.
Слично
