Ќе биде ли Македонија во таканаречената темно-црвена зона за патување во ЕУ
Темно црвена зона - во ваква категорија ќе влегуваат држави од кои сите пристигнати патници ќе треба да бидат тестирани пред да заминат или ќе одат во карантин по пристигнувањето. Ова го најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Тоа ќе биде нова ознака на епидемиолошката карта на Европа.
„Темно црвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво“, рече Фон дер Лејен по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирус.
„Во тој случај, секој од првата земја ќе отиде да купува во втората и со тоа ќе придонесе за ширење на вирусот“, рече претседателот на ЕК, пренесува Хина.
Таа рече и дека земјите од Западен Балкан најбрзо што може треба да ги добијат вакцините преку ковакс системот
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на земјите-членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањето, кои не се нужни.
„Убедени сме дека, кога станува збор за патувања кои не се нужни, треба да се земат предвид ограничувањата“, рече Мишел, додавајќи дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.
