ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕН ДО СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски помина на Влада
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски помина на Влада.
Предлогот по завршување на владините процедури, ќе биде доставен до Советот за јавни обвинители од каде во согласност со законските рокови, Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.
Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој е избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.
Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои во согласност со законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање за неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.
Слично
