Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ БИДАТ ЛИ ОСУДЕНИ: Обвинетите за обид за убиство на Села ќе ја чујат пресудата

ЌЕ БИДАТ ЛИ ОСУДЕНИ: Обвинетите за обид за убиство на Села ќе ја чујат пресудата

Јавноста но и обвинетите денеска ќе ја слушнат одлуката на кривичниот суд кој треба да им пресуди за случајот со пратеникот Зијадин Села.

Седуммина обвинети за обид за убиство на пратеникот Села на 27 е можно да се соочат со затвориски казни кои произвлегуваат од кривчното дело обид за убиство.

Одбраната бара ослободителна пресуда, образложувајќи дека за ниту еден од нив не постојат докази дека се обиделе да го убијат Села.

Коста Делов, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Кире Георгиевски, Андреј Мицов и Никола Војминовски се лицата кои се обвинети.

Зијадин Села беше еден од пратениците кои се здобија со тешки повреди на 27 април кога во Собранието упадна толпа народ и ги нападна пратениците на СДСМ меѓу кои беше и премиерот Заев.

Слично

Поврзани вести