Ќе бидам на Оскарите за да ја поддржам „Медена земја“: Интервју со Горјан Тозија-Медо
-Во филмскиот свет сум повеќе од 35 години. Работев за американски компании долго време и имав можност да запознаам многу ѕвезди. Познавам многу луѓе од светската филмска индустрија, некои ми се пријатели, некои пак познаници и соработници. Погрешен е впечатокот дека со филмските ѕвезди на фестивалите баш се остваруваат познанства. Има милионска фреквенција на луѓе, се среќавате, разменувате можеби збор или два, и се останува во таа атмосфера тогаш и таму. На папараците и фановите останува да се борат за фотографија, изјави Горјан Тозија- Медо (66) во ексклузивното интервју за „Женски магазин“ пред тргнувањето во Холивуд.
Како директор на Агенцијата за филм, ќе присуствува на Ноќта на оскарите во театарот „Долби“, вели како сведок на едно испишување на историјата-двете номинации за Оскар на документарецот „Медена земја“.
