ЌЕ Ѝ ЈА ПОДАРИ НА СВОЈАТА 14 ГОДИШНА ЌЕРКА АУРЕЛА - министерот Бесими поднел барање да купи граѓанска обврзница
Министерфот за финансии Фатмир Бесими денеска поднел барање за и тој да вложи средства во граѓанската обврзница, односно да купи една ваква хартија од вредноаст.
Ова министерот го направил, како што објави на својот фејсбук профил, со цел да илустрира пред граѓаните кои се за нив придобивките од инвестирање во граѓанска обврзница.
„Почитувани граѓани, денеска решив симболично да купам една 'Граѓанска обврзница', за да го илустрирам процесот на инвестирање и придобивките за граѓаните и земјата:
1. Поднесов барање до банката за купување хартии од вредност - ‚Граѓанска обврзница',
2. Банката ќе ме извести за резултатот од аукцијата што ќе се одржи на 13 јули 2023 година,
3. Сопственоста на граѓанските обврзници ќе се евидентира во Депозитарот за хартии од вредност на 20 јули 2023 година“, напиша првиот финансиер на својата официјална фејсбук страница.
Оваа инвестиција од 10.000 денари, како што наведува министерот, се очекува две години по ред да му носи принос од 500 денари, и тоа на 20 јули 2024 година и истиот датум во 2025 година кога ќе му биде вратена вложената вредност од 10.000 денари.
„Со оваа инвестиција симболично ќе придонесам за развојот на земјата со развојни проекти кои се финансираат од буџетот на државата во интерес на економијата и благосостојбата на граѓаните.
Граѓанската обврзница е инвестиција и за идните генерации - затоа истото ќе и го подарам на Аурела, мојата 14-годишна ќерка, како нејзина прва инвестиција за подобра иднина на нејзината татковина!
Со цел да избегнам било каков конфликт на интереси поради мојата јавна должност како министер за финансии и со овластувања за одлучување при издавање на хартии од вредност со цел финансирање на буџетот, најавувам дека нема да учествувам со дополнителни инвестиции во граѓански обврзници додека ја извршувам оваа јавна должност. Ви благодарам на разбирањето!
Ве поканувам и Вие да бидете дел од овој важен развоен процес на земјата, кој ви нуди и лична благосостојба со сигурни и поволни инвестиции! Со почит, Фатмир Бесими“, објави министерот.
Слично
