Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киро Стојанов: Очекувам со Папата Франциск да допатуваат и кардинали

Киро Стојанов: Очекувам со Папата Франциск да допатуваат и кардинали

Киро Стојанов, скопскиот римокатолички бискуп, истакна дека за посетата на Папата Франциск во Скопје на 7 мај ќе допатуваат и кардинали.

- Очекувам во Скопје со Папата Франциск да има и 25 бискупи, надбискупи и кардинали - изјави Стојанов.

Свештеникот додаде дека има голем интерес за билетите со кои ќе може да се следи масовната итургија на поглаварот на Римокатоличката црква.

- Има голем интерес од Македонија, но и од соседните земји, како и од тие што се малку подалеку - рече свештеникот..

Како дел од безбедносните мерки, за да добие билет, секој учесник е обврзан да се пријави со име, презиме и број на лична карта.

Билетите се подигаат во католичките цркви низ земјата, а учесниците добиваат и упатство со распоред за тоа како е најсоодветно да учествуваат во секој настан.

Слично

Поврзани вести