Aктерoт Кирил Поп Христов вчера по интервјуто во кое екс премиерот Никола Груевски кажа дека еден ден ќе се врати во Македонија, тој му порача дека ќе се врати, но со наведната глава. За себе актерот вели се вратил, но со крената глава. Кирил Поп Христов повеќе од три години живееше во Еквадор заедно со неговото семејство, откако претходно беше уапсен во Македонија. Груевски рече дека во Унгарија отишол да се засолни од прогон, но не и да живее.