Кирил Петков пристигна во Битола, дочекан со протести
Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Битола, на отворањето на клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола.
Во делегацијата се најавени уште и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Иако имаше најави дека делегацијата ќе долета со хеликоптер, тоа сепак не се оствари.
Делегацијата ќе промовира владини проекти на Бугарија на кои ќе им претходи средба на Петков со бугарски здруженија на граѓани во земјава. Петков ќе биде прв бугарски премиер кој ќе престојува во градот под Пелистер
Предвидено е заедно со македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски Благој Бочварски да го посетат електро-енергетскиот проект „Битола 2“ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија..
Голем број граѓани попладнево излегоа во центарот на Битола против отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. На отворањето треба да присуствува и премиерот на Бугарија Кирил Петков.
Забележително е присуство на голем број полициски екипи кои го обезбдуваат просторот и не дозволуваат лицата кои протестираат да се доближат до клубот.


