Кирил Петков кажа што ќе се случи ако веднаш дадат „зелено светло“ за преговори
Доколку се даде „зелено светло“ за пристапните преговори веднаш, без дискусија, само ќе се зајакнат националистите во двата табора. Ова во интервју за Шпигел го кажа копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, кој победи на парламентарните избори во Бугарија.
Тој во интервју за „Шпигел“ во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, вели дека треба да се формираат работни групи и да се остават да преговараат шест месеци, за да не ги одредуваат работите само националистите.
„Зошто нема летови и возови меѓу Софија и Скопје? Ајде да зборуваме повеќе за економија отколку за различни толкувања на заедничката историја. Или за учебниците во Северна Македонија во кои се тврди дека Бугарите се фашисти“, вели Петков.
Слично
