Кирил Петков кажа каква позиција ќе зазема во однос на Македонија
Ќе се усогласиме за нашата позиција, но и ние и Македонија има многу да добиеме од добрососедството, изјави Кирил Петков, кој ќе ја формира новата бугарска Влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, тоа може и треба да се направи врз основа на заедничко почитување и доверба.
Петков кажа и дека бугарската позиција останува таква каква што е сега, но мора да биде наградена.„Не сакаме, да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, туку мора да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да се увериме дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство“, кажа Петков.
Тој сепак наведе дека ќе водат сметка за бугарските национални интереси.
Министер за надворешни работи ќе биде Теодора Ганчевска, која е од партијата на Слави Трифонов.
Петков денеска во Софија го претстави составот на новата бугарска Влада, која ќе биде коалициска и ќе вклучува четири партии и коалиции. Ќе има пет вицепремиери и 17 министри.
